Петар Печков
Објавено: вторник, 27 април 2010
Заврши неколкудневната акција за чистење на отворениот канал на улица Јане Сандански, кај велешани реон познат како Потокот. При акцијата, работниот тим од РЕ Комунална хигиена рачно и механички го отстрани диво изникнатото зеленило и насобраниот комунален смет, што несовесни граѓани го фрлале во каналот.
При оваа акција собрани се 16 трактори смет кој беше отстранет. Потоа каналот беше испран со цел да се отстрани наталожената тиња .
Од ЈКП Дервен апелираат до граѓаните од ул. Јане Сандански да придонесат за зачувувањето на здравата животна средина со тоа што нема да го фрлаат сметот од домаќинствата во каналот туку на одредените места од каде екипи на ЈКП Дервен редовно го собираат.
Tweet |